Утрински Весник
Свет

Падна балон на Алпите: девет лица се повредени

Падна балон на Алпите: девет лица се повредени

Девет лица се повредени денеска при пад на балон во источниот дел на Алпите во Австрија.

dobivaj vesti na viber

Соња Келнер од Црвениот крст на Долна Австрија за новинската агенција АПА изјави дека двајца патници се тешко повредени во несреќата, која се случила во регионот на Буклиге Велт, пренесе АП.

Тие се пронајдени со уште двајца патници, кои се здобиле со полесни повреди во Унтерек, додека другите пет патници, кои исто така биле полесно повредени, биле пронајдени на пет километри, во близина на Станг.

Двајцата тешко повредени патници се пренесени со хеликоптер во локалната болница.

Причината за несреќата засега не е позната.

Можете да прочитате

Силен земјотрес регистриран во северна Јапонија

Авион се урна врз куќа во САД, две лица загинаa

Трамп: Си и јас се согласуваме дека Иран не смее да има нуклеарно оружје