Утрински Весник
Македонија

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

20250406121428 big 730x400 56.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи.

„На дневна основа работат тимови, и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.


Тој рече дека Владата и институциите на САД се во постојана комуникација, со тамошното министерство за економија, финансии, Стејт Департментот, кабинетот на претседателот Доналд Трамп.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски имал куса средба со државниот секретар, а на средбата станало збор и за царините, информираше Мицкоски.

Претходно неделава, американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.

Владата потоа уверуваше дека одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, а тие имаат план за надминување на ситуацијата. Македонската влада тогаш кажа дека нема потреба од паника и избрзани реакции и заклучоци.

Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ако мислите дека треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам

Филипче во работна посета на Брисел

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час