Утрински Весник
Свет

УНРВА: Најмалку 176 наши работници се убиени од почетокот на војната во Газа

Gaza.webp.webp

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека најмалку 176 нејзини работници се убиени од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолија.

„Хуманитарните работници не се мети и мора да бидат заштитени во секое време. Израел продолжува да ѝ забранува на УНРВА пристап до испорака на помош на северот од Појасот Газа“, соопшти раководството на УНРВА на социјалната мрежа Икс.

Портпаролот на Обединетите нации Стефан Дужарик вчера изјави дека од 7 октомври досега во Појасот Газа се убиени најмалку 196 хуманитарни работници.

Дужарик ја опиша палестинската територија како „едно од најопасните места во светот за работа“ за хуманитарните работници.

УНРВА е најголемата хуманитарна организација во Газа и се смета за столб на операциите за хуманитарна помош во Газа.

По обвинувањето на Израел дека некои членови на агенцијата на ОН биле вмешани во нападите на Хамас врз Израел, најмалку 17 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австралија и многу земји од Европската Унија, ја прекинаа поддршката за УНРВА. Сепак, неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Шведска, Канада и Јапонија, најавија континуирана поддршка за УНРВА минатиот месец

Можете да прочитате

Драма во Германија: Околу 340 патници евакуирани од воз поради закана од вооружен маж

Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези

Нов оружен инцидент во Брисел