Утрински Весник
Македонија

Универзалната сала добива нова покривна купола

Whatsapp Image 2024 03 25 At 13.43.47.jpeg

Ја крунисавме Универзална сала со поставување нова покривна купола. Во тек е реконструкцијата на препознатливиот елемент на мултимедијалниот објект, симболот на солидарно Скопје, објави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека со замена на старата купола непречено се одвива првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала која ќе ја обликува надворешноста на зданието.

„Универзалната сала има долга и значајна културна меморија за градот и државата низ чие постоење се претставувала културата низ различни форми. На публиката и на граѓаните им должиме нова, современа и автентична сала. На дело покажуваме како се грижиме за развојот на културата и нејзината промоција“, истакна министерката во објавата.

Можете да прочитате

ЦУК: Со хеликоптерска помош ренџерите гасат пожар на Шара

Костадиновска – Стојчевска: Младите имаат право на спокојна и достинствена иднина

Спасовски: Кумановци најдобро знаат со Стево имаме европска иднина, а со лажните патриоти повторна изолација