Утрински Весник
Свет

Унгарската влада на трговците им даде рок од две недели да ги намалат цените на горивата

274ec8fb13a7410329f86ee426a53727.jpg
Ss2

Унгарската влада им даде рок на трговците на мало од две недели да ги прилагодат цените на горивото на регионалниот просек, рече министерот за економија Мартон Наѓ. Цените мора повторно да се изедначат со регионалниот просек, а тоа особено важи за бензините 95 и дизелот, нагласи министерот вчера по владината седница.

Владата им даде рок на трговците од две недели да ги доближат до просекот, а потоа повторно ќе ги анализираат „и ќе воведат строги мерки“ доколку се уште се над регионалниот просек, рече Наѓ.

Ss1

Пред една недела, во интервју за деловниот весник „Вилаггаздасаг“, министерот рече дека се подготвени да го разгледаат поставувањето на ценовни лимити откако Државниот завод за статистика КСХ ќе објави преглед на просечните цени во регионот на Централна Европа.

„Трпението на владата е при крај… Мислиме дека цените на горивата на унгарскиот пазар се седум до девет отсто повисоки од регионалниот просек“, рече Наѓ во интервју објавено минатата среда.

Од 19 април, Заводот за статистика започна со објавување неделни извештаи во кои се споредуваат цените во Унгарија со просекот во регионот на Централна Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Србија, Романија и Бугарија.

Извештајот од минатиот петок покажа дека бензинот 95 во Унгарија таа недела бил во просек 3,2 отсто поскап од просекот во регионот, а дизелот за пет отсто.

Цените донекаде паднаа, но се очекува оние што ќе стапат во сила од петок и понатаму ќе бидат повисоки од просечните за 10 или 27 форинти по литар дизел или бензин, рече министерот Наѓ.

Со цел да се заштитат домаќинствата, Владата ги повикува сите трговци што поскоро да ги вратат цените на регионалниот просек, нагласи тој.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56