„Јунајтед Груп“, водечкиот снабдувач на телекомуникациски услуги и медиуми во Југоисточна Европа денеска го објави назначувањето на Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи, почнувајќи од 1 септември 2023 година.
Александра ја наследува Драгица Пилиповиќ Чафи во улогата. Драгица беше составен дел од менаџерскиот тим на Јунајтед Груп од 2008 година. Во 2009 година стана извршен директор на СББ и е Потпретседател на Групацијата за корпоративни прашања од 2015 година. Драгица ќе остане во Јунајтед Груп како советник за владини прашања и ќе продолжи со својата одлична работи како Претседател на Управниот одбор на СББ Фондацијата.
Александра ѝ се придружува на Јунајтед Груп од The Adecco Group каде што ја имаше улогата на Потпретседател за надворешни комуникации и односи со медиумите. Таа има повеќе од 18 години искуство во односите со јавноста, односите со медиумите и корпоративните комуникации. Голем дел од ова беше во медиумскиот и телекомуникацискиот сектор, откако претходно беше директор на Групацијата за комуникации и односи со јавноста во Ringier Axel Springer Media AG и потпретседател за корпоративни комуникации во Sky (DACH).
Викторија Боклаг, извршен директор на Јунајтед Груп изјави:
„Среќни сме што ја пречекуваме Александра во тимот. Нејзиното искуство во обезбедувањето на комуникациите и стратегијата за јавни односи за глобалните бизниси ќе биде од непроценливо значење за Јунајтед Груп додека продолжуваме да го шириме нашето влијание на новите пазари на ЕУ. Таа ќе игра клучна улога во развивањето на односите на Групацијата со сите надворешни засегнати страни и ќе ги води односите со медиумите на нашата Групација, додека сакаме да ги консолидираме неодамнешните аквизиции и да ја зајакнеме видливоста на понудата на најдобрата дигитална услуга на Јунајтед Груп на сите пазари. Во име на сите во Јунајтед Груп, исто така, сакам да ја искористам оваа прилика да ѝ се заблагодарам на Драгица за сето она што го направи за нашата компанија. Драгица се приклучи на СББ од ЕБОР и со нивна поддршка помогна СББ да стане лидер на регионалниот пазар на дигитална телевизија и широкопојасни услуги како што е денес. Како потпретседател на Групацијата за корпоративни прашања, таа беше важен надворешен амбасадор на компанијата, играјќи интегрална улога во одлучувањето за управувањето како што компанијата еволуираше. Таа ќе продолжи да игра витална улога како советник за владини прашања на Одборот и на Александра додека ја започнува својата нова улога“.
Инаку, Александра има диплома за медиуми и комуникациски студии на Универзитетот во Берлин, магистер е по европски студии од Универзитетот Хумболт во Берлин / Центар за странски студии на Стенфорд во Берлин; и има меѓународен извршен МБА од ESADE Business School. Таа има грчка, германска и швајцарска националност.
За Јунајтед Груп
Јунајтед Груп, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во нашата земја, со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15,5 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Таа генерира речиси 2,7 милијарди евра годишен приход. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.
За повеќе информации посетете ја веб страницата: https://united.group/
ПР