Утрински Весник
Македонија

Ултрамаратонците и фановите одбележаа 17 години без Тоше Проески

20241016165134 Big 730x400 1.jpg

Бројни поддржувачи и почитувачи на Тоше Проески од земјава,  од Србија, Турција, Хрватска, Бугарија, Полска денеска беа во Kрушево, на Гумење пред вечното почивалиште на Тоше Проески, да се сеќаваат и да му оддадат почит. На пладне пристигнаа и 14-те маратонци кои по 17-ти пат го истрчаа ултрамаратонот од Нова Градишка, Хрватска, каде Тоше на 16 октомври 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа.

-По 17-ти пат го истрчавме маратонот. За Тоше. Фала му на Бога, Фала му на Тоше што нѐ чуваше, времето не послужи, сите здрави и живи пристигнавме на Гумење во Крушево. Ова е за Тоше, секогаш велиме и се надевам ќе нѐ чува здравјето до 26-тиот маратон, потоа ќе видиме, рече маратонецот Наум Капричевски.

Поддржувачите на Тоше од повеќе земји докажаа дека сеќавањата и почитта за Тоше Проески не бледнеат.

-Секогаш сум во Крушево. Годинава и четирипати. Ги испратив маратонците од Хрватска, ги пречекав овде на Гумење во Крушево. Тоше вечно ќе живее во срцата на сите оние што го сакаат. Неговите песни придонесуваат за таа додатна димензија. Кога го нема, а го слушаме, ние визуелизираме, се присетуваме на она што се случуваше, рече Стела Прислан Фуст од Хрватска.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош