Утрински Весник
Скопје

Улични кучиња искасаа човек во Ново Лисиче, интервенирала Брза помош

Lkjlkffddj.png

Жител на скопската населба Ново Лисиче попладнево бил нападнат од глутница улични кучиња, кои го искасале и му нанеле повреди.

Инцидентот се случил во близина на трговскиот центар ТЦ Лиса, според објава споделена во фејсбук-групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.


Според сведоци, граѓани кои се нашле на местото веднаш повикале Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Во изминативе денови граѓаните сè почесто изразуваат загриженост поради зголемениот број кучиња-скитници на улиците во главниот град. Според нив, кучињата се движат во групи налик на глутници, што создава чувство на страв и небезбедност кај жителите.

Од Град Скопје најавија засилени акции за заловување на кучиња-скитници, особено на територијата на Карпош.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост