Утрински Весник
Свет

Украинското воздухопловство за падот на ракетата: Сѐ што се случи е последица на војната

Украинското воздухопловство за падот на ракетата: Сѐ што се случи е последица на војната

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ќе направат сѐ што може за да помогнат во истрагата за ракетната несреќа во Полска, во близина на границата со Украина, во која загинаа две лица.

dobivaj vesti na viber

„Она што се случи беше дека нашата противвоздушна одбрана одговори на воздушниот напад“, изјави денеска Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили и додаде: „Сѐ што се случи потоа – дали тоа е руска ракета или остатоци од и двата проектили што паднаа на земја – тоа треба да се утврди на самото место. И тоа е она што се случува во моментот“.

„Сѐ што се случи вчера, јасно, е последица на војната“, рече тој додавајќи: „Важно е да се постигне правна процена. Процесот е во тек, експертите истражуваат. Важно е да се утврди каков вид остатоци од проектил има на самото место, не треба да биде претерано тешко“.

Можете да прочитате

Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд

Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема