Утрински Весник
Свет

Илон Маск отпушти речиси половина од вработените во „Твитер“, а на оние што останаа им постави нов ултиматум

Илон Маск отпушти речиси половина од вработените во „Твитер“, а на оние што останаа им постави нов ултиматум

Илон Маск, новиот сопственик на „Твитер“, им поставил ултиматум на своите вработени во интерна електронска порака да „посветат напорна работа“ или да ја напуштат компанијата, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

„За да го изградиме револуционерниот ‘Твитер 2.0’ и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме многу посветени“, напиша Маск. „Ова значи дека ќе мора да работите прекувремено и многу интензивно. Само најдобрите ќе можат да останат“, додаде тој.

Маск исто така рече дека „Твитер“ ќе биде „многу поинженерски ориентиран“ и им порача на вработените: „ако сакате да бидете дел од новиот ‘Твитер’, одговорете со ‘да’ на пораката“.

Тој додаде дека вработените кои нема да го сторат тоа до одредено време утре ќе бидат отпуштени и ќе добијат тримесечна отпремнина.

Оваа порака ја насловил „Вилушка на патот“, а ја испратил откако јавно и приватно се судрил со вработените за начинот на кој го води „Твитер“.

Откако го презеде „Твитер“, Маск ги отпушти извршните директори, бордот на директори и речиси половина од вработените.

„Без разлика каква одлука ќе донесете, ви благодариме што напорно работевте за да го направите ‘Твитер’ успешен“, заклучил тој, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите