Утрински Весник
Спорт

Украинката Костјук по поразот од Азаренка: Како тенисерка ја почитувам, како човек не

Украинката Костјук по поразот од Азаренка: Како тенисерка ја почитувам, како човек не

Украинката Марта Костјук загуби со 6:2/6:3 во второт около на САД опен од Белорусинката Викторија Азаренка, по што тинејџерката влезе во неверојатен напад на својата ривалка откако прво одби да се ракува со неа по загубениот меч.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека не е во ред да се ракувам поради тоа какви се работите во моментов. Имавме добар меч, таа е добар натпреварувач, ја почитувам како спортистка, но тоа нема ништо заедничко со неа како човечко суштество“, изјави Костјук по мечот.

Иако доаѓа од Белорусија, а не од Русија, и постојано зборуваше против војната во Украина, двократната гренд слем шампионка Азаренка претходно беше „исфрлена“ од добротворниот турнир за Украина во Њујорк по инсистирање на Костјук и другите украински тенисерки.

Можете да прочитате

Јувентус го следи македонското чудо од дете – Меланија Грозданова на чекор до Торино

Македонија со трофеј од турнирот во Анкара

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години