Утрински Весник
Свет

Украинка силувана, па фрлена од карпа на Кипар: откриена срамната лага на момчето што ја убило

Украинка силувана, па фрлена од карпа на Кипар: откриена срамната лага на момчето што ја убило
Ss2

Девојка по потекло од Украина во саботата утрото била силувана и фрлена од карпа на Кипар, а нејзиното момче, осомничено за злосторството, се обидело да го пренесе како несреќен случај.

dobivaj vesti na viber

30-годишен жител на Пафос, Кипар, во саботата повикал полиција и рекол дека неговата девојка, Украинката Лесија Бикова (28), паднала од карпа. Тој рекол дека биле заедно кога Лесија се приближила до работ, изгубила рамнотежа и паднала од карпата, пренесува „Прототема“.

300x250 (7)

По повикот, полицијата излегла на местото на настанот и го опколила теренот по што го извлекла телото на несреќната девојка. Дечкото тврдел дека се работи за несреќен случај, но кога резултатите од обдукцијата пристигнале неколку часа подоцна, било откриено дека лаже.

Според медиумите во Кипар, на девојката ѝ биле констатирани повреди на вратот и рацете, кои наводно биле предизвикани од давење. Исто така, била откриена и скршеница на точката на хиоидната коска, која се забележува во случаи на давење.

„Откриени се надворешни физички повреди, кои предизвикуваат сомнение за сексуална злоупотреба, како и дополнителни надворешни повреди, кои не се резултат на пад од височина“, соопштија надлежните.

Истрагата е во тек.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа