Утрински Весник
Спорт

Украинецот Малиновски мораше да се извини за поздравот со Русинот Головин

Украинецот Малиновски мораше да се извини за поздравот со Русинот Головин

Вчерашното француско дерби помеѓу Олимпик Марсеј и Монако, интересно, најмногу реакции предизвика во Украина и Русија поради двајца фудбалери кои по крајот на мечот споделија поздрав.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот репрезентативец и ново засилувње на Марсеј, Руслан Малиновски по крајот на мечот (1:1) се поздрави со рускиот репрезентативец од Монако, Александер Головин, предизвикувајќи бура реакции во Украина, каде што беше обвинет дека заборавил на војната во неговата татковина.

По сите реакции, Малиновски се извини на социјалните мрежи.

„Барам извинување од сите Украинци за мојот непромислен чин со фудбалерот на Монако. Сфаќам дека би било помудро само да го игнорирам, но тој ми пријде да ме поздрави. По фудбалските мечеви, фудбалерите се ракуваат и тоа беше автоматски. Сфаќам дека ваквите мали работи се важни, но добив многу лути пораки кои ме прават да се сомневам во вашата поддршка. Да беше индивидуално натпреварување, немаше да играм против руски спортист и ја сфаќам и целосно поддржувам нивната суспензија“, напиша Малиновски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито