Утрински Весник
Свет

Украина се обврза дека нема да го употреби оружјето што го бара од Западот против Русија

Украина се обврза дека нема да го употреби оружјето што го бара од Западот против Русија

Украина е подготвена да се обврзе да не го користи оружјето со долг дострел што го побара од Запад за напади на руска територија.

dobivaj vesti na viber

Исклучок се новите руски региони што Киев сè уште ги смета за своја територија, изјави украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников.

Говорејќи на заедничката прес-конференција на украинската влада и Европската комисија во Киев, Резников рече дека вооружените сили на Украина бараат оружје со дострел до 300 километри, пренесува „Тасс“.

„Украина е подготвена да обезбеди секакви гаранции дека западното оружје нема да се користи за напади на руска територија. Имаме доволно цели во привремено окупираните украински области и подготвени сме да ги координираме целите со нашите партнери“, рече министерот.

САД подготвуваат уште еден пакет воена помош од 2,2 милијарди долари за Украина, кој првпат ќе вклучува оружје со поголем дострел.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот