Утрински Весник
Економија

Трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија стаса во РЕК Битола

Трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија стаса во РЕК Битола

Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021г, информираат од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Појаснуваат дека постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат, како што велат, во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.

„Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија. Во моментов, Блок 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари“, се подвлекува во официјалната информација од РЕК Битола.

Можете да прочитате

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Двете емисии на државни обврзници во вкупен износ од околу 50  милиони евра од денеска котираат на берзата

Синдикатот на Македонска пошта бара нова систематизација, се најавува протест и штрајк