Утрински Весник
Свет

Украина: Русите сакаа да не’ измамат со тенкови на надувување, но им се издишаа

Украина: Русите сакаа да не’ измамат со тенкови на надувување, но им се издишаа

Украина објави дека руската армија се обидела да ја измами со тенкови на надувување, но дека тенковите се дупнале и издишале, па руската измама не успеала.

dobivaj vesti na viber

„Додека нашите сојузници ја координираат испораката на тенкови во Украина, окупаторите исто така го зголемија присуството на тенкови во Запорожје. Но, слободниот воздух на овој регион очигледно не е погоден за гумените производи на окупаторите, така што тие се издувуваат без исполнување на нивната главна мисија“, се потсмеваа Украинците.

Поставувањето цистерни и возила на надувување всушност не е ништо ново. Тоа е тактика што Американците ја користеа и во Втората светска војна за да ги измамат Германците. Русите често ја користеле оваа тактика за време на Студената војна. Меѓутоа, во ерата на модерната технологија и беспилотните летала, вештачките тенкови и возила многу полесно се забележуваат отколку во минатото, кога технологијата не беше толку напредна.

Можете да прочитате

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација

„Шпигел“ открива нови детали: Дронот од Лајпциг со идентични компоненти како запленетите во Србија

Холандската централна банка го преместува златото од САД и Канада во Лондон поради геополитички немири