Утрински Весник
Свет

Украина: Русија подготвува принудна евакуација на Крим

Украина: Русија подготвува принудна евакуација на Крим

Русија ги интензивираше подготовките за присилна евакуација на цивили од окупираните региони во јужна Украина на Крим, тврди украинската армија. Генералштабот на украинските вооружени сили објави на Телеграм дека официјални лица назначени од Русија го испитуваат и проверуваат локалното население во Мелитопол и Скадовск.

dobivaj vesti na viber

Тврдат дека проверувале дали имаат руски пасош, дали се пријавени и какво е нивното образование. „Од тие области заминуваат автобуси со оние кои сакаат да се евакуираат. Окупаторите шират информации дека присилната евакуација на цивилното население ќе започне на крајот на април“, вели Стожер, а пренесува Скај њуз.

Украинската армија вчера соопшти дека Русија со насилни методи ги принудува цивилите на окупираните територии да бараат руски пасоши.

Можете да прочитате

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони