Утрински Весник
Свет

Украина: Русија ги повлече речиси сите свои војници од Белорусија

Украина: Русија ги повлече речиси сите свои војници од Белорусија

Русија ги повлече речиси сите свои војници од Белорусија, соопшти украинската гранична служба. Руската армија ја користеше белоруската територија како полигон за голем дел од војната.

dobivaj vesti na viber

„За среќа, бројот на руски војници во белоруските области каде што се одржува обука постојано се намалува“, изјави портпаролот на службата Андриј Демченко, а пренесува „Скај њуз“.

„До неодамна нашите проценки укажуваа на бројка од 2.000 војници, но сега дојде до нова ротација и речиси сите руски сили се повлечени од територијата на Белорусија“, додаде тој.

Пред инвазијата на Украина, руската армија одржа заеднички вежби со Белорусија и оттаму започна некои напади. Путин претходно оваа година рече дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина