Утрински Весник
Свет

Украина: Наскоро ќе влеземе на Крим

(Видео) Кремљ по нападот на мостот на Крим:„Ќе следи адекватен одговор“

Украина изгледа подготвена да почне воена операција за деокупација на Крим, сугерираат коментарите на висок функционер на украинската одбрана.

dobivaj vesti na viber

На новинарско прашање за можното влегување на украинските сили на Крим, шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана рече дека тоа ќе се случи – наскоро.

Кирило Буданов, кој разговараше за ТСН, не прецизираше датум, но рече дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Крим е под руска окупација од 2014 година и е клучна цел на украинската контраофанзива.

Последниве недели беа забележани повторени напади на полуостровот – вклучително и експлозија што го оштети мостот Керч што го поврзува Крим со Русија.

Украинската контраофанзива беше започната на почетокот на јуни, но досега беше релативно бавна – иако се чини дека украинското напредување се зголеми во последните денови.

Можете да прочитате

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург