Утрински Весник
Свет

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Image 2026 07 22 084400018.png

Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким.

Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај.


Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во соработка со надлежните служби, работи на отстранување на последиците од нападите.

Според последните достапни информации, во претходниот украински напад врз логистички центар на „Вајлдберис“, извршен ноќта кон саботата во Котовск, во Тамбовската област, загинаа осум вработени.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд