Утрински Весник
Свет

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници

20260424165733 big 730x400 97.webp.webp

Украина и Русија денеска, со посредство на Обединети Арапски Емирати и САД, разменија воени заробеници.

Украина и Русија ослободија ист број воени заробеници, 193. На 11 април разменија 175 воени заробеници, а во март вкупно 500.


Украинските власти во февруари објавија дека Русија во заробеништво држи околу 7.000 Украинци, а во украинско заробеништво се речиси 4.000 Руси.

Киев и Москва повремено разменуваат и тела на загинатите војници. Во април Русија врати тела на илјада војници, додека Украина врати 41 тело во Русија.

Можете да прочитате

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД