Утрински Весник
Свет

Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади

Struja 1.jpg

Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

– Нуклеарните постројки не беа директно погодени од руските напади, но станиците поврзани со нив се оштетени, рече Рафаел Гроси, пренесува ДПА.

По разговорот со шефот на украинските регулаторни тела, тој посочи дека само два од деветте оперативни нуклеарни реактори во земјата моментално произведуваат со полн капацитет.

– Енергетската инфраструктура на земјата е исклучително ранлива, што директно влијае на нуклеарната безбедност, рече Гроси, додавајќи дека од суштинско значење е нуклеарните централи да имаат безбедно снабдување соелектрична енергија.

Можете да прочитате

 Белорусија има нуклеарно оружје, тврди Лукашенко

Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија

Зеленски: Путин и Асад заслужуваат да бидат во затвор