Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ: Време е Демократската партија на социјалистите да се врати на власт

Ѓукановиќ: Време е Демократската партија на социјалистите да се врати на власт
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) – Мило Ѓукановиќ, смета дека е време за нови избори и дека Црна Гора „доби политички одговорна, компетентна влада“.

dobivaj vesti na viber

Ѓукановиќ во Плевља, говорејќи на церемонијата на Младинскиот совет на ДПС во тој град, рече дека оваа влада ќе продолжи да ја води Црна Гора преку градење граѓанска држава, подобрување на меѓуетничките и меѓуверските односи и достигнувајќи ги европските вредносни системи.

„Значи, време е Демократската партија на социјалистите повторно да биде на власт во Црна Гора со своите традиционални коалициски партнери“ – рече Ѓукановиќ.

Двегодишниот период по парламентарните избори тој го нарече „тежок експеримент“ и оцени дека тоа се години на сериозни загуби во економскиот и демократскиот развој на Црна Гора.

Ѓукановиќ преговорите на парламентарното мнозинство од парламентарните избори одржани во август 2020 година ги нарече „трагикомичен обид за бегство од изборите“.

„Од избори бегаат само оние кои се убедени дека ќе загубат на нив“ рече Ѓукановиќ.

Можете да прочитате

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите