Утрински Весник
Македонија

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Vreme 5.webp.webp

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.


Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје почнувајќи од денес во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Можете да прочитате

Даниела Колева избрана за претседателка на Форумот на жени од Извршниот одбор на СДСМ

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау

Македонец сака со трчање-пешачење да стигне до манастирот Острог – собира средства за деца болни од канцер