Утрински Весник
Македонија

Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект

Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект

Затворен спортски објект во ПОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија ќе гради Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која денес ја поддржа Советот, на младите од овој дел на градот ќе им овозможи осовременување на наставата по физичко образование и услови за дополнителни спортски активности. Воедно, изградбата на овој спортски објект ќе овозможи ослободување простор во училиштето, кој, по преадаптивните зафати, ќе биде искористен за нови училници, со што ќе се зголеми целокупниот капацитет на ова подрачно училиште.

dobivaj vesti na viber

„Големо е моето задоволство што денес, со дадената поддршка од советниците, го соочуваме процесот за изградба на затворено спортско игралиште во ПОУ ‘Рајко Жинзифов’ во Пинтија, каде што во моментот настава следат 250 ученици. Сите тие ќе добијат поквалитетни услови за одвивање на наставниот процес бидејќи, покрај тоа што добиваат нов простор за наставата по физичко образование, добиваат и нови училници. Во согласност со предвиденото, ослободениот простор во училиштето ќе биде преадаптиран, со што ќе се зголеми комодитетот за следење на наставата и по другите предмети. Затвореното спортско игралиште, пак, кое ќе се протега на 380 квадратни метри, носи големи придобивки бидејќи ќе им овозможи на учениците и на младите од Пинтија подобри услови и повеќе можности за разни спортски активности и игри, што има позитивно влијание врз нивното физичко здравје и развој. Средствата за почнување со изградбата на објектот ги обезбедуваме од буџетот на Општина Кисела Вода преку развојната програма – „НАА – основно образование“, за период 2023-2024 година“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ПОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е изградено во 1983 година. Работи во две смени со вкупно 12 паралелки.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ