Утрински Весник
Македонија

Учество на Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Muczunski.png

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 17 до 19 април 2026 година во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите”. Во рамки на програмата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност” (18 април 2026 година), на кој е предвидено учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и на генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC).


Во рамки на престојот во Анталија, на маргините на форумот и по покана на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на 17 април 2026 година, министерот Муцунски ќе учествува и на третиот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, заедно со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.

За време на форумот, министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Можете да прочитате

Филипче: Нов скандал, документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапка

Амхети стави македонско знаме во својата канцеларија во ДУИ