Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Тимчо Муцунски на 21. Бледски стратешки форум

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината”, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување”, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.

Можете да прочитате

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно