Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина

789490361 1722793538975536 2909023995010996067 n.jpg

Вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час, и во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. За случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината. Безобѕирното и пребрзо возење сериозно го загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Возете одговорно и почитувајте ги правилата – брзината никогаш не е поважна од човечкиот живот.

Можете да прочитате

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“кој е локализиран, се дејствува на терен и од воздух, нема повредени пожарникари