Утрински Весник
Култура

„Љубовната соба“ во официјална селекција на фестивалот Искија во Италија

„Љубовната соба“ во официјална селекција на фестивалот Искија во Италија

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули, 2023.

dobivaj vesti na viber

21-то издание на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија е еден од најпопуларните и најпосетуван летен филмски настан во светот со италијански и меѓународни проекции, на кои присуствуваат реномирани професионалци од филмската индустрија, како и некои од најпознатите имиња од глобалната филмска сцена. Со него свечено ќе претседава режисерот Џим Шеридан, продуцентот и активист Труди Стајлер и пејачот и текстописецот Тони Ренис, сите долгогдишни ветерани на фестивалот.

Се очекува во текот на седум дневниот фестивал да има проекции на околу двесте филмски наслови, да се одржат бројни тематски панели и симпозиуми како и мастер-класови. Овогодишниот добитник на Оскар за најдобар актер Брендан Фрејзер ќе биде присутен на фестивалот, каде што ќе биде одликуван како глобален актер на годината. Како новина, оваа година, фестивалот во Искија во соработка со Мајмувис, најважната веб страница за стриминг на филмови во Италија, со над 500.000 корисници дневно, ја воведува можноста за истовремени дигитални проекции на сите филмови симулирајќи ги кината. Оваа веб-платформа, која постои од 2010 година, од 2015 година е и официјална платформа за стриминг на филмови на Венецијанскиот филмски фестивал и филмскиот фестивал во Локарно.

Документарниот филм „Љубовната соба” на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејстваниз призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд филм и видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски.

„Љубовната соба”, во период од 23 март до 2 април, 2023 година имаше светска премиера на филмскиот фестивал Феникс во Аризона, САД (каде филмот имаше три проекции) во категорија на светски долгометражни фимови и европска премиера на „ЗагребДокс”, во Загреб, Хрватска (со две проекции) во регионална конкуренција. Беше прикажан на 22 мај 2023 година во Њујорк, во официјална селекција на филмскиот фестивал Биг Епл филм фестивал во познатото кино Синема Вилиџ, кое е едно од најстарите независни кина во уметничкиот дел на Њујорк, познат како Гринич Вилиџ, каде „Љубовната соба” беше номиниран за награда.

После Глобалниот фестивал во Искија, најавено е учество на меѓународниот документарен фестивал Пелопонисос, во Каламата, Грција.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“