Утрински Весник
Економија

Јубилејна 10. Меѓународна конференција во организација на Народната банка

20240930111457 Big 730x400 49.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на денешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ).

Како што информират од Народната банка, конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со  обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан.

Воведно обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер. Исто така, на Конференцијата ќе учествуваат и гувернерите на Молдавија, Словенија, Хрватска, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, член на Одборот на централната банка на Литванија, претседавачот на Европскиот банкарски орган, извршниот директор на Алијансата за финансиска инклузија, високи претставници на Светската банка, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската централна банка (ЕЦБ), како и на други истакнати меѓународни институции и академски претставници

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка