Утрински Весник
Спорт

Убедлив пораз на МЗТ во Подгорица

Убедлив пораз на МЗТ во Подгорица

Кошаркарите на МЗТ Скопје, во третото коло го запишаа и третиот пораз во регионалната АБА лига. На гостувањето во Подгорица, МЗТ загуби од Будучност со 89:66.

dobivaj vesti na viber

МЗТ, пред фаворитот, потклекна во првата четвртина, која Будуќност ја отвори с 12:2, а ја затвори со 23:10.
Добар период МЗТ имаше во втората четвртина, кога со серија 10:1 се доближи на шест поени негатива.

Сепак, Будуќност експресно ја врати двоцифрената предност и на крајот запиша убедлив триумф, втор во сезоната со еден проаз од Црвена звезда во Белград.

Бре Ајви и Еван Максвел постигнаа по 12 поени, а двоцифрен бепе и Дамјан Стојановски со 10 поени. Тре Бел-Хајнс со 21 поен беше убедливо најефикасен кај Будуќност.

Во наредното коло МЗТ ќе игра против Студентски центар.

Фото/АБА лига

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија