Утрински Весник
Балкан

Уапсени над 60 педофили во Хрватска во меѓународни акции спроведени лани

Pedofili.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во минатогодишната меѓународна операција ОА ФЕНРИС, чии податоци можат да се објават дури сега, е утврден идентитетот на петмина осомничени кои споделувале содржина за сексуална злоупотреба на деца на подрачјето на три хрватски полициски оддели, соопшти Управата за полиција.

Против осомничените до надлежните државни обвинителства е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела експлоатација на деца за порнографија, објави тпортал.хр.

Во два случаи е утврдено дека сторителите се странски државјани кои привремено престојувале во Хрватска, а понатамошна кривична истрага е продолжена преку меѓународна полициска соработка, додаваат од Управата на полицијата.

Исто така, беше откриено дека сторителите поставиле и споделиле вкупно повеќе од 46.000 датотеки кои прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Според Управата на полицијата, во текот на минатиот септември, како дел од акцијата ЕМПАКТ поддржана од Европол, беа уапсени вкупно 57 мажи од сите општествени слоеви, кои се осомничени дека ширеле материјали за сексуална злоупотреба на деца користејќи peer-to-peer (P2P) мрежа.

Осомничените се на возраст од 23 до 72 години, а нивната просечна возраст е 49 години. Четворица осомничени се наставници, а еден работи со деца со посебни потреби, што ја прави оваа успешна акција на органите на прогонот уште позначајна, посочуваат од Управата на полицијата.

Некои од уапсените осомничени имале директен пристап до децата благодарение на нивната професија, а десет од нив имале свои деца. Најмалку едно дете било спасено од континуирано физичко малтретирање, додека другите деца може да се сметаат за спасени од потенцијална злоупотреба.

Освен Хрватска, во акциите против сексуалните злоставувачи на деца учествуваа уште 26 европски земји.

Можете да прочитате

Турските власти уапсија 170 осомничени за врски со Исламска држава

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција