Утрински Весник
Македонија

Возел со над два промила алкохол, полицијата му го одзеде возилото

Policija 1.jpg

На 28.02.2026  во 01:38 часот, кај месноста „Копачка”, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”.


Можете да прочитате

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар