Утрински Весник
Балкан

Уапсени македонски државјани во Црна Гора: Осомничени дека продавале лажни часовници

O 1831922 1024.jpg

Македонски државјани В.Д., Ф.Д. и Д.С. биле уапсени во Црна Гора поради сомнение дека продавале часовници по повисока вредност од вистинската, објавија црногорските медиуми.

-Службеници на Одделението за обезбедување Подгорица, во соработка со службеници од Одделението за обезбедување Бар, вчера приведоа тројца државјани на Република Северна Македонија кои се осомничени за кривично дело измама. Се сомничи дека В.Д., Ф.Д. и Д.С. ова кривично дело го сторил на тој начин што повеќепати им приоѓале на постари граѓани на улица, на територијата на повеќе градови во Црна Гора и ги доведувеле во заблуда со изнесување одредени информации и им продавале часовници за значително повисоки износи во однос на нивната реална вредност, со уверувањето дека се работи за скапи парчиња – соопштија од Полициската управа.

На пример, на 28 март во Подгорица на едно лице му продале часовник од помала вредност за сума од 1.500 евра, што го повториле во неколку наврати во повеќе градови во Црна Гора.

Полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користеле овие лица на територијата на општина Бар, при што во таа прилика биле пронајдени пари во вредност од 3.370 евра, разновидни рачни часовници, накит, како и гардеробата што ја користеле. Од нив е одземено и возило мерцедес.

-Поради интензивна работа на полицијата истите се легитимирани, лоцирани и лишени од слобода, а полициските службеници продолжуваат да работат на овој случај заради утврдување на фактите и околностите кои можат да упатат на сомнение дека В.Д., Ф.Д. и Д.С. овие незаконски дејствија ги извршил во однос на други повредени лица – додаваат од УП.

Полицијата ги повикува оние кои се сомневаат дека биле измамени на ваков начин во последниот период да се обратат во најблиската полициска станица и да го пријават настанот.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил