Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Очекувам демократски избори и победа на Пендаровски и коалицијата „За европска иднина“

Kovacevski Dimitar 681x508 1.jpg

Очекувам изборите да бидат демократски исто како и претходните локални и претходните парламентарни и победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и на коалицијата „За европска иднина“, предводена од СДСМ, изјави лидерот на партијата – Димитар Ковачевски.

– Во однос на изборите очекувам да бидат демократски избори. Ние докажавме дека изборите по 2016 година во Македонија се демократски избори, изградивме демократски институции, ја вративме демократијата. Вие знаете дека до 2016 година бевме заробена држава во која што институциите беа злоупотребувани од страна на една политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Овие избори очекувам да бидат демократски исто како и претходните локални и претходните парламентарни. Очекувам победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и победа на коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ – изјави Ковачевски денеска по учеството на средба со граѓански организации насловена „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“.

Web

На прашање за тоа кога ќе бидат поднесени листите на кандидатите за пратеници со кои коалицијата ќе настапи на претстојните парламентарни избори, Ковачевски кажа дека тие ќе бидат поднесени во текот на денот, односно во законскиот рок.

– Изборните листи утрово имавме состанок, веројатно во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени. Значи, ќе бидат поднесени во законскиот рок. За тоа има задолжена служба во партијата – рече Ковачевски.

Можете да прочитате

(Видео) Јакимовски најави мерка за помош на пенизонерите – гарантирани 25.000 денари за секое пензионерско семејство

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати каде било и под какви било услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина