Утрински Весник
Спорт

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

20251205124724 big 730x400 7.webp.webp

Турските власти издадоа денеска наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење резултати на натпревари, објави канцеларијата на Главниот обвинителот во Истанбул.

Од 29 фудбалери, властите се сомневаат дека 27 се обложувале на натпревари во кои настапувале нивните тимови, се вели во соопштението на Обвинителството.

Меѓу нив е и Метехан Балтаџи, играч на актуелниот турски шампион Галатасарај, додека обвинителството не го обелодени идентитетот на другите 26 инволвирани фудбалери.

Фудбалерот на уште еден турски гигант Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.

Обвинителството, кое соопшти дека досега се уапсени 35 од вкупно осомничените 46 лица, исто така, нареди апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат врз исходот“ на натпревар меѓу нивните тимови одигран во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата на Обвинителството во Истанбул, која го тресе турскиот фудбал, на почетокот на ноември веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии, како и на претседателот на прволигашот Ејупспор.

Турската фудбалска федерација (ТФФ), која тврди дека сака да го „исчисти“ турскиот фудбал од нелегални активности, неколку денови претходно суспендираше речиси 150 судии откако беа прогласени за виновни за обложување на натпревари.

Дваесет и пет фудбалери од првата лига и речиси 1.000 други кои играат во втората, третата и четвртата лига, исто така, во ноември добија суспензии во временски период до дванаесет месеци.

Можете да прочитате

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија