Утрински Весник
Економија

Бислимоски: Покрај санкциите нема никакви проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија

Naslovna Bislimovski.jpg

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и нагласи дека во изминатиот месец и покрај санкциите нема никави проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија. Според него добра вест е што е дозволено бензиските пумпи на Лукоил да работат во земјите кај што ги има.

-Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и се се одвива нормало. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите останати земји, пред се, поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни Лукоил ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата, рече Бислимоски во одговор на новинарко прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Лукоил Македонија во изминатиот период се однесуваше исклучително коректно и не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.

-Според информациите кои ги имам, Лукоил Македонија обезбедува нафтени деривати од трговците во државата. Заради тоа немаше прекин во снабдувањето со нафтени деривати, рече Бислимоски.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра