Утрински Весник
Македонија

Уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ поради продажба на дрога

Уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ поради продажба на дрога

Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром е уапсена за дилање дрога.

dobivaj vesti na viber

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе голема акција во Скопје, во која падна голема група улични дилери на дрога, а меѓу нив и наставничка од основно училиште од Скопје.

Од МВР информираа дека е запленета дрога вредна половина милион евра и е откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје.

„Вчера (16.3.2023), во Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, лишени од слобода се пет лица, и тоа Д. Т. (25), Е. М. (35), Ж. П. (46), С. Ч. З. (38), Б. Ф. (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и притоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од речиси половина милион евра доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од речиси седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограма марихуана, речиси 3.000 таблети ‘екстази’, автоматска пушка ‘калашников’, 667 куршуми во различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници, односно лица што купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила“, информираа од МВР.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил напиша дека случајот ќе биде расчистен во целост и секое прекршување на законот соодветно ќе биде санкционирано.

„Утрово, примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник, кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“.
Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес, цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме сè од себе за да им овозможиме на децата училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.
Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со каква било нелегална активност, која е во спротивност со законот.
Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.
Аеродром е општина што инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано“, напиша Муцунски.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“