Утрински Весник
Македонија

Уапсен возач-почетник, возел 211 км/ч, двојно над дозволената брзина на автопат

749846699 1193913212911790 5363401856647269107 n.jpeg

Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат.

При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час.

Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрага

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница