Утрински Весник
Македонија

Уапсен возач на автобус од Тетово: Нудел поткуп на полицаец оти возел со туѓа тахографска картичка

Sankcija Avtobus Ucenici.jpg

Денеска (30.08.2024) околу 11.00 часот на наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С. од Тетово. За време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, А.С. на полицискиот службеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата, по што А.С. е веднаш лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 353 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од страна на полициски службеници на МЕКМ била продолжена контролата врз возилото, при што е утврдено дека возачот користи тахографска картичка, која што не е во негова сопственост. За истото е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна се констатирани прекршоци по член 23 став 5, а казниво по член 55 став и член 60 став 1 од законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, за што е предвидена глоба во износ од 7500 евра.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна