Утрински Весник
Балкан

Уапсен поранешниот српски министер за градежништво поради трагедијата во Нови Сад

Zheleznichka Novi Sad.png

Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, е уапсен утрово, објавија српските медиуми. Апсењето следи по трагедијата во која животот го загубија 15 лица, а две други сѐ уште се борат за живот поради тешки повреди.

Весиќ, кој поднесе оставка на 5 ноември, изјави дека го направил тоа како морален чин поради трагедијата што се случи во ресорот што го раководеше. „Поднесов оставка како одговорен човек што сака со личен пример да покаже дека во денешна Србија постои морална одговорност,“ порача Весиќ на социјалната мрежа Икс.

Оставки вчера поднесоа и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, како и директорката на „Српската железничка инфраструктура“, Јелена Танасковиќ. Ова доаѓа по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе има уште оставки во врска со трагедијата.

Весиќ порача дека ја напушта функцијата „со чиста совест и горд на резултатите постигнати за време на неговиот мандат“. Случајот продолжува да предизвикува внимание во јавноста, со очекувања за понатамошни истраги и одговорности.

Можете да прочитате

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката