Утрински Весник
Македонија

Уапсен полицаец – службени тајни предавал во казино

Policija.webp.webp

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од Полициската станица за општа надлежност Тетово. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања.

З.С. се сомничи дека во текот на 2023 и 2024 година сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик. Тој, како полициски службеник, прибавувал доверливи информации со увид во дневните билтени на МВР и анекс плановите за координирани контроли во казина и угостителски објекти, спроведувани од СВР Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.


Прибраните информации, кои претставуваат службена тајна, пријавениот им ги доставувал на физичко лице вработено во едно казино. Обвинителството ќе постапува понатаму по пријавата

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп