Утрински Весник
Свет

Уапсен новинарот Бошко Савковиќ кој на протестот во Белград носеше кукла со „обесен Вучиќ“

Уапсен новинарот Бошко Савковиќ кој на протестот во Белград носеше кукла со „обесен Вучиќ“
300x250 (7)

Бошко Савковиќ, писател и новинар, е уапсен околу пладне во својот стан, под сомнение дека носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“.

dobivaj vesti na viber

Бошко Савковиќ, писател и новинар, е уапсен околу пладне во својот стан, под сомнение дека носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“.

300x250 (7)

Тој е приведен на информативен разговор во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент што го носеле на протестот „Србија против насилството“.

Како што изјави за Данас ќерката на Бошко, Емилија, четворица мажи се појавиле на нивната врата без никаков налог за апсење.

Вели дека не се легитимирале.

„Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше тука цело време, а на сликите се појави кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот Твитер профил. Транспарентот е се уште кај нас, го гледаме. Го видеа инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата“, вели Емилија, додавајќи дека само нивната група која тргнала од плоштадот Никола Пашиќ броела 17-18 луѓе, изјавила ќерката на уапсениот новинар.

Таа напоменува дека нејзиниот татко Бошко Савковиќ е основач на сатиричниот весник „Наша крмача“, симбол на борбата за слобода на новинарството, кој луѓето на Вучиќ го претепаа на улица.

Според последните неофицијални информации, Бошко Савковиќ утре ќе биде осуден на 30 дена затвор за загрозување на националниот поредок на протестот „Србија против насилството“.

Ss1

Можете да прочитате

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада

Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски