Утрински Весник
Македонија

Уапсен е криумчар на мигранти

Уапсен е криумчар на мигранти

Денеска (21.11.2022) во 11:30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан).

dobivaj vesti na viber

Претходно, на автопатот кај место викано „Одморалиште“, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Македонија треба да има една изборна единица

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи