Утрински Весник
Македонија

Уапсен 29-годишен крадец од Неготино, доби неколку кривични пријави за серија кражби

640 420 poredna krazhba na damska chanta v kv dame gruev.jpg

Лишен од слобода крадец во Неготино. Поднесени му се кривични пријави и одредена му е мерка притвор.

Како што информираат од МВР, вчера (03.10.2025) во 09:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(29) од Неготино, поради основи на сомневање за сторени четири кривични дела „одземање на моторно возило“ по член 242 од КЗ, две кривични дела „кражба во обид“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од КЗ и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ, сите на територија на Неготино.


Против С.Д. се поднесени кривични пријави, а судија на претходна постапка во Основен суд Неготино му изрече мерка притвор во траење од осум дена, по што С.Д. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Обид за палење дуќан во скопски Центар

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА