Утрински Весник
Македонија

Уапсен 16 годишник поради кражба и напад врз малолетник

Mvr Policija 4.jpg

Шеснаесетгодишник од Скопје е уапсен откако претходно, родител пријавил дека малолетникот и уште неколкумина други одзеле ташна на неговиот син, му го оштетиле телефонот, па ги нападнале него и неговиот другар.

„На 25.04.2026 во 18:45 часот во парк на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од З.К.(48) од Скопје дека на 24.04.2026 околу 18:00 часот на спортско игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, 16-годишникот и уште неколку малолетници му ја одзеле ташната на малолетниот син на пријавителот, му го оштетиле мобилниот телефон, а потоа физички го нападнале него и неговиот другар“, велат од МВР.


Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа