Утрински Весник
Спорт

У20: Македонските фудбалери поразени од репрезентацијата на САД

20260608174027 big 730x400 81.webp.webp

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години загуби од селекцијата на САД со 2-0 во контролен натпревар одигран попладнево на неутрален терен во бугарскиот град Петрич.

Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен контролен натпревар против силен противник, што ќе послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот.


Македонската репрезентација добро се спротивставуваше во текот на поголемиот дел од средбата, а головите ги прими во судиското надополнување на првото полувреме и во 90+2 минута од натпреварот.

На спротивната страна, Димитар Данев, Адмир Љатифи и Салим Арифи не реализираа од идеални шанси за гол.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА