Утрински Весник
Свет

Туск: Ќе прогласиме состојба на елементарна непогода

Donald Tusk Poplavi.jpg

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави.

„По консултациите со надлежните министри и служби, наредив подготовка на уредбата на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X.

Состојбата на природна катастрофа ѝ дава на владата поголема контрола за да ги задржи и да се справи со последиците од катастрофата, што може да вклучува ограничување на одредени слободи и права.

Локалните власти во југозападна Полска итно апелираа до жителите да ги евакуираат своите домови бидејќи поплавите се закануваат да пробијат уште една брана.

Во видео објавено на неговата Фејсбук страница, градоначалникот на Прудник во провинцијата Ополе, Гжегож Завислак, главен началник на пожарникарите и локален функционер на Прудник, апелираше до жителите на селото Мошчанка, Лак Прудничка и делови од градот Прудник (население 21.237) веднаш да се евакуираат.

„Апелот е многу сериозен, не трошете време на дилеми, мора да си заминете. Доколку браната пукне ќе ви се уништат домовите и ќе ви се загрози животот“, изјави Радослав Рошковски, локален функционер од Прудник.

Можете да прочитате

Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил

Американски војник осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држа

Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг доживеал срцев удар