Утрински Весник
Спорт

Пораз на Ѓорческа во финалето во дубл во Љубљана

Gjorcevska.png

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајхман доживеаја пораз во финалето во двојки на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана.

Тие загубија од италијанско-шпанската двојка Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5-7, 7-5, 10-7 на поени) за помалку од два часа игра.

Ѓорческа претходно играше на овој турнир и во сингл, но ги заврши настапите во раната фаза.

Можете да прочитате

ОК Струмица се засили со браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!

ФФМ ги казни Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

Дваесеттиот Скопски маратон со рекордни учесници од 55 земји