Утрински Весник
Свет

Турскиот парламент го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО

IMG

Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, по неколкумесечни размислувања.

Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент.

За да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено и од унгарскиот парламент.

Шведска, заедно со Финска, ја напушти традиционалната политика на воена неутралност за да побара заштита под безбедносниот чадор на НАТО, по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на алијансата во април 2023 година, станувајќи 31-ва членка на НАТО, откако турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на земјата.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе